Вардар 1961 го победи Еурофарм Пелистер со 26-24 во финалето на ракометниот куп на Македонија за мажи, чија завршница се одржа во салата „Автокоманда“.
Вардарци водеа со 16-10 по првото полувреме, и тоа се покажа како преголема предност, иако битолчани одиграа добро во второто полувреме и дојдоа и на еден гол негатива, но Вардар дојде до 14-тата куп титула во својата историја.
„Среќни сме што го освоивме купот. Ни падна концентрацијата после убедливото водство, но победата е најважна, не е важно со колку голови разлика. Пелистер покажа дека има карактер. Сега одиме да победиме во Битола и да ја освоииме двојната круна“ – изјави Тимур Дибиров кој го постигна клучниот гол за 26-24 на една минута до крајот.
Најкорисен играч на финалниот турнир е Иван Чупиќ кој во финалето даде седум гола.