Рома конечно го победи Лацио во дербито за престиж (Видео)

Рома беше подобра од Лацио со 2-0 во римското дерби. Волчицата прекина серија од четири лигашки мечеви против градскиот ривал без победа. Рома од септември 2018 година чекаше триумф над лацијалите и конечно дочека.

Првиот гол го постигна Хенрих Мхитарјан, после една прекрасна асистенција на снаодливиот мајстор Един Џеко. Дилемите околу победникот ги разреши Педро, само шест минути откако влезе во игра.

После овој меч, Лацио ги загуби и теоретските шанси за пласман во ЛШ, а Рома најверојатно ќе треба да игра квалификации за Лига Европа.

Ова е 12-тиот гол на Ерменецот Мхитарјан сезонава, со кој тој ја најави победата на неговиот тим:

- Оглас -

Најнови вести