Италија ќе почека, Станковиќ го продолжи договорот со Ѕвезда до 2024 година

Црвена ѕвезда го продолжи договорот со шефот стручниот штаб Дејан Станковиќ за уште три години, па соработката е продолжена до 2024 година, што значи дека паѓаат во вода најавите дека Станковиќ ќе си замине и ќе преземе некој клуб од италијанската Серија А.

Станковиќ како тренер работи во Ѕвезда од декември 2019 година, освои две титули шампион на Србија, имаше „европска пролет“, а за една недела може да го освои и Купот. Од 63 меча, оствари 50 победи, и само четири порази, тимот игра ефикасно, па задоволството од новиот договор е обострано.

„Горд сум на укажаната шанса. Им благодарам на сите на довербата и трпението. Тренирам златни момци, имам супер стручен штаб, само уште Маракана да се отвори за публиката, па да бидеме комплетни. Во клубот се бара постојано ново докажување. Следна цел ни е освојување на Купот и конечно да ја донесеме долго чеканата двојна круну“ – рече Станковиќ.

Од клубот објавија и дека по повод четвртата титула по ред, прославата на 22-ри мај ќе ја прават на река, на посебен брод кој ќе плови по реката Сава. Тоа се најавува како своевиден бал на вода, со визуелни ефекти, а навивачите ќе може да гледаат од брегот крај Сава.

- Оглас -

Најнови вести