Спектакуларен меч: Вајлдер и Фјури го продолжија митот за непобедливост (Видео)

Донте Вајлдер и Тајсон Фјури приредија одличен меч во 12 рунди, а на крајот судиите решија дека двајцата треба да го продолжат митот на непобедливост. Двајцата боксери добија по еден поен, а третиот судија реши дека дуелот треба да заврши нерешено. Со овој исход Вајлдер го задржа шампионскиот појас, но во скоро време може да се очекува реванш.

Вајлдер покажа зошто 39 од 40 победи ги имаше со нокаут и успеа два пати да го прати Фјури на подот. Посебно импресивен беше вториот нокдаун во последната 12 рунда. Два силни удари во лицето на Британецот и пад на подот кој се чинеше дека ќе значи крај на борбата.

Сепак Фјури покажа зошто нема пораз во профи кариерата. Успеа брзо да стане и на неверување на многумина покажа сила дека ќе издржи до крајот на мечот.

Вајлдер никогаш во кариерата не бил во нокдаун, но против Фјури прими голем број на чисти удари. Британецот покажа дека може да боксува против секого и да биде рамноправен.

Првиот судија одлучи дека поените се 115:111 во корист на Вајлдер, вториот предноста му ја даде на Фјури со 114:110, а бодовите кај третиот судија беа 113:113. Веднаш по мечот започнаа разговорите за реванш.

Вајлдер сега има 40 победи и едно реми без пораз, додека Фјури е со 27 победи и реми, без ниту еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести