Богињата или Старата дама, Аталанта – Јувентус ќе биде повеќе од обично финале на куп

Вечерва во Реџо Емилија, екипите на Аталанта и Јувентус ќе го играат финалето на Купот на Италија и тоа нема да биде само обично финале од кое ќе се памети само победникот.

Божицата од Бергамо, уште од 1963 година чека на овој трофеј, а искусниот тренер Џанпјеро Гасперини го посакува својот прв трофеј во кариерата и најавува дека победата би била цреша на врвот од тортата. Но, Гасперини предупредува дека кога играте против Јуве, никогаш не сте фаворити. Се најавува ефикасен меч, убаво е што ќе има публика на трибините, макар и во ограничен број.

И за трофејниот Јуве ова не е обичен меч. Имаат шанса колку-толку да го обелат образот и да освојат пехар, а дополнителна мотивација им е што денеска тренерот Андреа Пирло има роденден и полни 42 години, и тоа што Џанлуиџи Буфон за последен пат ќе ја брани мрежата на Старата дама, па сигурно тимот ќе сака да го испрати Џиџи како победник.

Има и такви кои веруваат во завери, па според нив, Аталанта и Јувентус „ќе се договорат“ тимот од Бергамо да го освои Купот на Италија, а за возврат Аталанта да го победи Милан викендов и да му помогне на Јуве да се пласира во Лигата на шампионите. Гасперини за овие гласини вели дека се глупости, но дека Аталанта и вечерва, и в недела против Милан ќе оди на победа. Ако Аталанта ги победи и Јуве и Милан, тоа би значело дека сепак Јувентус најверојатно ќе ја оствари главната цел – пласман во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести