Црвена ѕвезда со убедливите 5-1 над Металац во последното коло од српската Суперлига го урна рекордот на Селтик по бројот на освоени бодови во една сезона од домашното првенство.
Во 38 кола, Ѕвезда оствари 35 победи и само три ремија, учинок со кој стигна до рекордни 108 бода, рекордот на Детелинките од Шкотска стоеше на 106 бода.
Фанстастичната сезона без пораз во шампионатот Црвено-белите ја крунисаа со вкупно 114 погодоци, а само 20 примени во својата мрежа. Избраниците на Дејан Станковиќ воедно урнаа национален рекорд по учинок, кој до неодамна го држеше вечниот ривал Партизан.