Играчите со шпалир го почестија најстариот активен менаџер во Премиер лигата (видео)

Кристал палас и Арсенал во овие моменти го прават возбудливо малото лондонско дерби при резултат од 1-1, кое на Рој Хоџсон му е последно како менаџер на домаќините, со оглед на тоа дека ова му е претпоследен меч во кариерата на клупата на Палас.

Голема чест му направија двете екипи на најстариот активен менаџер во Премиер лигата, кој по крајот на сезоната ќе ја отстапи клупата на Орлите од Јужен Лондон.

Му направија шпалир на Хоџсон за да му оддадат чест за неговата долгогодишна работа во англискиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести