Македонската фудбалска репрезентација како никогаш досега има шанса да се избори за пласман на едно големо натпреварување. Македонија е дел од плеј-офот за пласман на завршницата на Европското првенство 2020 и тоа благодарение на добрите игри во Лигата на нации. Доколку „црвено-жолтите“ го победат Косово, а потоа слават и во финалето од Д сегментот, тоа ќе биде историски подвиг за Македонија.
Но, додека се чека дуелот со Косово, закажан за во март 2020 година, Македонија ќе игра и во редовните квалификации за ЕП 2020. Денеска на пладне, во Даблин, ќе биде ждрепката за групите во квалификациите. Македонија е во петиот барабан, што значи дека ќе добие четири подобро рангирани селекции.
Низ историјата, Македонија досега никогаш преку квалификациите не била на завршница на големо натпреварување, бидејќи најголем успех ни е четврто место во групата, а на ЕП или СП може да се оди само со првите две места во групата.
Според распоредот на репрезентациите, Македонија може да се најде во една балканска група во која би биле: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Како една од најатрактивните групи кои може да се погоди е да бидеме ривали со Франција, Германија, Турција и Грција.
За тоа која селекција во кој барабан се наоѓа можете да проверите ТУКА и да го очекуваме стартот на ждрепката во Даблин.