Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот од 26-мина играчи што ќе патуваат на Европското првенство и ќе играат против Австрија, Украина и Холандија во Ц групата од првата фаза.
Сензационални измени во составот нема, а крајниот рок за измени е 1 јуни, според налогот на УЕФА.
На списокот нема изненадувања и грото од репрезентативците што го изнесоа најголемиот товар се кандидати за настап на ЕП.