Хамилтон: Формула 1 стана спорт на татини синови

Луис Хамилтон, британскиот Формула 1 пилот и седумкратен првак, од Монте Карло, каде што викендов ќе се вози трката за големата награда на Монако, со критички тон проговори околу случаите во кои синови на богати татковци добиваат шанса да учествуваат во трките од овој брзински автомобилски спорт.

Најнов пример е Русинот Никита Мазепин, чиј татко стана главен спонзор на тимот Хас. Таткото како главен услов за спонзорирање навел дека за син му мора да има место во еден од двата болиди. Младиот Мазепин засега се покажа како целосно промашување. Во првата трка излета во првиот круг, а на останатите три трки, резултатите му беа катастрофални.

Освен Мазепин, во Формула 1 се и Ленс Строл и Николас Латифи, кои исто така не би биле на Ф1 патеките да не беа нивните многу богати татковци кои ги пикнаа со врски во овој спорт.

„Во иднина мора да смениме нешто во Формула 1 и овој спорт да стане достапен и за луѓе како мене, кои немаат таков грб кој ги потпира. Овој спорт стана клуб за синови на милијардери, не беше така кога почнував. Денеска нема шанса некој од обично работничко семејство да се пробие во Формула 1“, вели Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести