Фудбалскиот клуб Интер Мајами на оригинален начин го претстави својот син дрес со кој тимот ќе игра на некои натпревари од МЛС лигата во САД. Клубот чиј газда е некогашната голема англиска ѕвезда Дејвид Бекам, дресот го претстави на дното на атлантскиот океан, а тоа не е случајно бидејќи дресот е изработен од рециклирана океанска пластика.
Девојката Корал Томашчик позираше во дресот на Интер на длабочина од 30 метри, во многу чиста вода на Кајманските острови, а таа не носеше боца за кислород, туку испливуваше горе над вода и нуркаше меѓу две фотосесии. Навистина спектакуларно.
Овие дресови екипата на Интер првпат ќе ги облече на 29 мај, кога ќе играат против ДЦ Јунајтед.