Синоќа ненадејно во 60-тата година од животот почина некогашниот македонски крилен кошаркар Војислав Зивчевиќ–Тумба. Зивчевиќ најблескавите моменти од кариерата ги имаше во МЗТ Скопје, кого во сезоната 1986-87 за првпат го однесе тимот од Аеродром во тогашната Прва југословенска сојузна лига, а со своите игри се избори и за место во тогашниот Б тим на репрезентацијата на СФРЈ.
Зивчевиќ настапуваше и за Работнички, со кого освои двојна круна во македонското првенство, Вардар, Деликатес Кочани, а кариерата ја заврши во Никол Ферт, со кого исто така освои шампионска титула.
И неговиот син Ненад е кошаркар кој долго време е на паркетите во Македонија, а има богата интернационална кариера и во странство.