Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија, во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, одлучи ждрепката која се оддржа во Даблин. Македонија се најде во Г групата, каде нема ниту една селекција од европскиот врв.
Вкупно 55 репрезентации беа дел од ждрепката, а преку квалификациите на завршницата ќе се најдат 20 селекции. Четири места за ЕП се загарантирани за победниците во четирите сегменти од Лигата на Европа, каде и Македонија има шанси.
Форматот на квалификациите е тоа што има 10 групи во кои ќе бидат по пет или шест репрезентации. Квалификациите ќе започнат на 21 март 2019 година и ќе траат до 19 ноември истата година година. Директно место на евро завршницата ќе обезбедат првопласираните две селекции од секоја група.
Мечевите на ЕП 2020 ќе се играат во 13 града низ цела Европа. Одлуката да нема класичен домаќин беше во чест на прославата, 60 години од стартот на Европските првенства во 1960 година.
Погледнете ги сите останати групи во квалификациите за ЕП 2020.