На натпревар помеѓу бразилските тимови Комерсијал и Коста Рика, се случи еден контроверзен потег кој го предизвика вниманието на светската јавноста и стана хит на социјалните мрежи. Беше досуден пенал, а голманот на Комерсијал, Мартинс наместо да остане на гол линијата како што се правилата, реши заедно со изведувачот на пеналот Жоаозињо, да трча кон топката и така да се обиде да одбрани.
Не му успеа, а и да одбранеше, пеналот ќе беше повторен и голманот ќе добиеше жолт картон за непромислениот потег.
Погледнете: