Нептун и Сибелес ги чекаат навивачите, но само едниот ќе ги дочека

Атлетико или Реал вечерва ќе се закити со трофејот за шпански првак во фудбалското првенство, па во Мадрид се подготвува прослава, а полицијата се обезбедување на настанот и спречување на нереди.

Титулата ќе се слави или на плоштадот „Нептун“ каде прославуваат фановите на Атлетико, или 500 метри понатаму, на „Сибелес“ каде слават фановите на Реал.

Полицијата објави дека 730 полицајци се ангажирани за вечерва, а ќе се снима и со дронови. На двата плоштади има фонтани, па уште од синоќа околу нив има огради. Властите се свесни дека нема да можат да спречат групни собирии славје, па побараа совесност и почитување на правилата поради пандемијата.

- Оглас -

Најнови вести