Голем гест на Бурки: Не се ни обиде да го одбрани пеналот на Бендер во неговиот проштален меч (видео)

Ларс Бендер во поразот од Дортмунд го одигра последниот меч во кариерата. Со 341 настапи во Бундеслигата во дресот на Фармацевтите, Бендер доби шанса во финишот од мечот да запише минутажа и влезе во вистински момент.

Нему му беше доделен да го изведе пеналот во 89-тата минута, а голманот на Дортмунд, Роман Бурки, направи голем гест така што не се ни обиде да го одбрани ударот на  поранешниот германски репрезентативец. На крајот Бендер спортски му се заблагодари на Бурки.

https://streamable.com/f9e6mq

- Оглас -

Најнови вести