Милан со помош на ВАР системот ја победи Парма

Милан стигна до нова победа на својот „Сан Сиро“, откако со 2:1 беше подобар од Парма, во меч од 14. коло во Серија А. „Росонерите“ со пресрт ги освоија трите бода, а сите погодоци беа постигнати во вториот дел. Парма поведе во 50 минута, но само пет минути подоцна Кутроне израмни на 1:1. Судијата гледаше повторена снимка за да се увери дека погодокот на Кутроне е регуларен.

Во 71 минута, повторно судијата мораше да прегледува снимка и да се послужи со ВАР системот. По една нафрлена топка во шеснаесетникот на гостите, топката удри во раката на еден од играчите на Парма. Иако ниту еден од фудбалерите на Милан не реагираше, арбитарот ја сопре играта и по прегледувањето на снимката, покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Кеси и „росонерите“ стигнаа до победа.

Со овие три бода, Милан се искачи на четвртото место на табелата со 25 бодови, два повеќе од Лацио кој вечерва гостува кај Киево.

- Оглас -

Најнови вести