Вардар со бод од Струмица, Шкендија сигурна против Ренова

Академија Пандев и Вардар одиграа без голови, во дербито на 18. коло во Прва македонска фудбалска лига. Академија Пандев уште еднаш покажа зошто е тимот со најмногу освоени бодови на свој терен сезонава и не му дозволи на Вардар да стигне до триумф.

На крајот, најмногу од ремито во Струмица доби Шкендија. Лидерот без проблеми со 3:0 ја победи Ренова и сега избега на пет бода пред Вардар, а има дури 10 повеќе од третопласираната Академија Пандев. Нафиу го отвори резултатот во 23 минута, а во второто полувреме за тетовци погодија Бојку во 67 и Имери во 89 минута за нови три бода за шампионот.

Со три бода од гости се врати и Македонија Ѓорче Петров која со 2:0 ја победи Победа. Кировски и Да Силва погодија уште во првото полувреме за вредни три бода. Шкупи со истиот резултат го победи Работнички, а на Силекс му беше доволен еден гол за три бода против Беласица.

Резултати: Академија Пандев – Вардар 0:0, Победа – Македонија ЃП 0:2, Работнички – Шкупи 0:2, Ренова – Шкендија 0:3, Силекс – Брегалница 1:0.

Табела: Шкендија 40 бодови, Вардар 35, Академија Пандев 30, Работнички 26, Шкупи 23, Македонија ЃП 21, Ренова 21, Силекс 18, Победа 17, Беласица 17.

 

- Оглас -

Најнови вести