Борбата против Ентони Џошуа отпадна од комбинација, па Тајсон Фјури се согласи да ја комплетира трилогијата против Дејтон Вајлдер. Двајцата тешкаши потпишаа договор за нова борба која на 24 јули најверојатно ќе се одржи во Лас Вегас пред 65.000 гледачи.
WBC world heavyweight champion Tyson Fury has signed his contract to face Deontay Wilder on 24 July.
More ⤵️ #bbcboxing
— BBC Sport (@BBCSport) May 23, 2021
Фјури првично посакуваше да се бори против сонародникот Џошуа кој ги држи појасите во ИБФ, ВБА и ВБО верзиите, а истите ќе ги брани во борба против Украинецот Олександар Усика, која веројатно ќе се закаже во август.
Контроверзниот „крал на ромите“ против Вајлдер ќе треба да докаже дека не случајно го победи во февруари 2020 година по што го освои ВБЦ појасот, борба која се случи 14 месеци по ремито во Лос Анџелес.