Ако ја следите традицијата, за Вилјареал – Манчестер треба да типувате на игра со квота 11.3

Вилјареал и Манчестер јунајтед вечерва од 21 часот ќе се исправат еден против друг во првото големо европско клупско финале за оваа сезона, ќе се борат за трофејот во Лига Европа, а ако продолжи традицијата на резултати кои ги имаа во минатото кога играа меѓусебе, тоа значи дека ќе има продолженија.

Жолтата подморница и Црвените ѓаволи играле меѓусебе двапати во групната фаза во ЛШ во 2005/2006 и двапати во 2008/2009 година, и интересно е што сите четири мечеви завршиле со истиот резултат, оној непопуларниот од 0-0.

Денеска е историски ден за Вилјареал, клубот првпат игра финале во еврокуповите и ако победи, ќе се пласира во Лигата на шампионите. Нивниот тренер Унаи Емери трипати ја има освоено Лига Европа, а има и едно загубено финале, па искуството е на негова страна.

Манчестер на доминантен начин дојде до финале и важи за фаворит на хартија. Ова е прво европско финале за Оле Гунар Солскјер како менаџер. Ако верувате дека и вечерва во Гдањск ќе биде 0-0, тогаш треба да уплатите во Sport Life на точен резултат, квотата е фантастична, и изнесува 11.3.

- Оглас -

Најнови вести