Најавени тимови: Отсуството на Мегваер е хендикеп за Црвените ѓаволи

Манчестер јунајтед во финалето против Вилјареал атакува на втора титула во Лигата на Европа по четири години пауза. Во Гдањск ќе се одвива дуелот на Црвените ѓаволи против експертот за второто натпреварување на УЕФА, Унај Емери, кој има три титули со Севилја и загубено финале со Арсенал.

Оле Гунар Солскјер не може да смета на својот капитен Хари Мегваер. Неговото отсуство ќе биде хендикеп за гигантот од Манчестер, но самиот квалитет на екипата е доволно добра причина за Јунајтед да биде ставен во улога на фаворит на хартија, а и според квотите во Sport Life.

Баи веројатно ќе го пополнува местото на англискиот стопер, додека Солскјер нема да отстапи од формацијата со која забележа најдобри резултати сезонава.

Кај Вилјареал, од поодамна е познато дека Винсен Ибора е надвор од конкуренција поради тешката повреда на коленото со која уште во декември минатата година ја заврши сезоната. Емери останува да ги добие информациите околу офанзивецот Чуквуезе кој има проблеми со колкот, додека останатите играчи му се на располагање.

Најавени тимови:

Јунајтед: Де Хеа, Ван Бисака, Баи, Линделоф, Шо, Мектоминај, Фред, Погба, Фернандеш, Рашфорд, Кавани.

Вилјареал: Рули, Фојт, Албиол, Торес, Педраса, Капу, Парехо, Пино, Тригеирос, Морено, Бака.

- Оглас -

Најнови вести