Се остварија стравувањата на Ѓоковиќ, доби пеколна ждрепка за „Ролан Гарос“

Вториот тениски грен-слем турнир годинава, Отвореното првенство на Франција познато како „Ролан Гарос“, годинава ќе има поразлично финале од ланското во кое играа Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Ждрепката која се изврши денеска, ги спои Србинот и Шпанецот на истата половина од костурот, па тие би можеле да се сретнат еден против друг само во полуфиналето.

Првото коло на турнирот на кој Надал има дури 13 титули, почнува на 30-ти мај. Ѓоковиќ пред евентуалното полуфинале со Надал, може да има четвртфинална пресметка со Роџер Федерер, а на нивната половина се и Беретини, Шварцман и Рубљов, тенисери кои играат добро на земја и не смее да се потценат. Среќа во ждрепката имаа Медведев, Тим, Циципас и Зверев, веројатно еден од нив ќе игра финале.

Ѓоковиќ во првото коло игра против Тенис Сандгрен, а Надал кој е трети носител, но и прв фаворит за титулата, игра со Алексеј Попирин.

- Оглас -

Најнови вести