Шкендија по настапите во квалификациите за ЛШ и ЛЕ, оствари најдобар ранкинг на клупската листа на УЕФА на еден македонски клуб во историјата. Според најновата ранг-листа на УЕФА, Шкендија се наоѓа на 161-то место, што е најдобар пласман на еден македонски клуб.
Во топ 200 клубови се најде и Вардар, кој се наоѓа на 193-тото место, иако „црвено-црните“ претрпеа елиминација уште во првото квалификациско коло во Лигата на Европа. Некогашниот македонски првак, тимот на Работнички, се наоѓа на 218-тото место, но, гледано според настапите во последниве 10 години, „романтичарите“ се најконстантен тим на европската сцена, па токму затоа се и најуспешен македонски клуб.
Што се однесува за врвот на ранг-листата, се разбира, Реал Мадрид е на првото место, а следуваат Баерн Минхен, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Севилја, ПСЖ, Манчестер сити, Арсенал, Шахтар Донецк.