Киево го изненади Лацио со реми 1:1, а Доменико Ди Карло има успешен кам-бек на клупата на фенерџијата во Серија А.
По нерешениот резултат без голови против Наполи во минатото коло од Калчото, Киево и вечерва успеа да освои еден бод против уште еден голем фаворит, Лацио.
Домаќините дури и водеа со голот на ветеранот Серџо Пелисие, но израмни Чиро Имобиле и спречи комплетна сензација.
Доменико Ди Карло ги имаше најголемите успеси како тренер на Киево, пред две кола се врати и го замени Џампјеро Вентура и најавува дека нема да се предаде.
Киево имаше многу проблеми на почетокот на сезонава, италијанската федерација го казни со одземање на три бода, а и сега по 14 рунди тимот од Верона е далеку од безбедната зона. Имаат само два бода и се уште се без победа и прв кандидат за испаѓање.