Марк Маркес, Пако Бањаја и Франко Морбидели имаа лош старт на трката за Големата награда на Италија во Мото ГП, а сите тројца излетаа од патеката во Мугело.
Маркес прв загуби контрила на моторот и мораше да се откаже, а по него и водечкиот во тој момент Бањаја и Морбидели се најдоа во песокот крај патеката.
Бањаја се откажа, а Морбидели успеа да се врати и да ја продолжи трката, што почна катастрофално за тројца познати асови во мотоциклизмот.