Чупиќ со двојна круна се прости од Вардар: Скопје е мојот втор дом (фото)

Иван Чупиќ ја доби честа да го крене пехарот во Суперлигата, кој е 14-ти освоен за Вардар во клупската историја по денешната победа над Металург за потврдување на статусот на старо-нов шампион.

Искусниот Хрват по пет години се разделува со Црвено-црните, при што емотивно се прости и даде изјава на македонски јазик.

„Во овие пет години минавме многу убави моменти заедно. Ќе го паметам секој поминат ден во овој клуб, кој ми даде толку многу. Македонија и Скопје ми се како втор дом, многу ми е мило што заминувам со двојна круна“, се обрати Чупиќ.

Од следната сезона Чупиќ ќе ги брани боите на ППД Загреб.

 

- Оглас -

Најнови вести