Марк Шејфеле предизвика сериозен инцидент и беше исклучен во последните моменти на дуелот меѓу Винипег и Монтреал по бруталниот и намерен старт над Џејк Еванс.
Еванс постигна гол на празна мрежа за победа на популарните Канаѓани од 5:3, а искусниот хокеар на Винипег не можеше да го истрпи разочарувањето и направи неспортски гест.
Шејфеле беше исклучен на пет минути, а потоа доби и автоматска суспензија уште од 10 минути, што и не беше важно бидејќи мечот беше решен на една минута до крајот.
Еван беше изнесен од мразот во „Бел плејс“ во Винипег на носилки, но, за среќа, нема сериозна повреда.
NHL Dept of Player Safety will have failed miserably if Mark Schiefele isn’t suspended for the remainder of the postseason after this hit pic.twitter.com/uV6sMXO7S8
— Jeremy Beren (@JBBeren) June 3, 2021
Монтреал, кој е најтрофеен клуб во НХЛ-лигата со 24 титули, поведе со 1:0 во плејоф-серијата против Винипег, и тоа со брејк и победа на гостински терен.