Леонел де Кастилјо, таткото на Кун Агуеро, го обвини Пеп Гвардиола дека никогаш не го сакал неговиот син иако тој е вистинска икона на Манчестер сити и најдобар стрелец во историјата на клубот.
Кун си замина од Сити и пред некој ден потпиша договор со Барселона, а моментно е во Аргентина, но има проблеми со корона-вирус и нема да игра ноќеска за својата репрезентација против Чиле.
„Лажни се солзите на Гвардиола при разделбата со Кун. Тој всушност воопшто не го сакаше син ми, иако така се претставуваше дека му е еден од омилените играчи“, изјави за „Радио ла Ред“ Кастилјо.
Агуеро е веќе нов играч на Барселона, а татко му вели дека имал понуди од трите лондонски клубови, Арсенал, Челзи и Тотенхем и дури и да не потпишел за нив, имал можност да игра во Италија.
На крајот патот го однесе во Шпанија, каде што ќе игра за Барселона.