Флојд Мејведер во полна пареа го чека дуелот против Логан Пол, човек кој воопшто не е боксер, туку славен јутјубер кој реши да го предизвика легендарниот боксер. Пол веќе е „жртва“ на социјалните мрежи откако многумина почнаа да го исмејуваат за тоа како тренира.
Од видеото кое го направи се гледа дела Пол е физички подготвен, но едноставно го нема правилниот боксерски став и работење.
https://twitter.com/i/status/1400268370856103936
За разлика од Пол, Мејведер покажа како работи во рингот со спаринг-партнер. Легендарниот боксер му покажа на противникот дека ќе зажали што решил да го предизвика во рингот.