Трката за Големата награда на Сингапур нема да се вози оваа сезона, потврдија официјалните лица од Формула 1 шампионатот. Организаторите соопштија дека поради сигурносни и логистички проблеми создадени поради пандемијата од Коронавирусот, трката нема да се вози.
Планот беше трката да се вози на патеката Марина Беј и требаше да биде 16-та по ред во календарот. Планот беше да се вози на 3 октомври. Највено е дека се размилува да се најде нова патека која треба да влезе во календарот на местото на Големата награда на Сингапур.