Станува тешко за Орање, се повреди и Де Лихт

Матајс Де Лихт е новиот проблем на Франк Де Бур и на холандската репрезентација, откако стоперот на Лалињата се пожали на повреда на мускулот на денешниот тренинг.

Орање веќе останаа без еден стопер и тоа најдобриот, капитенот Вирџил Ван Дајк, па ако и Де Лихт е сериозно повреден тоа ќе биде голем удар за нашиот последен противник во Ц групата на Европското првенство.

Де Лихт нема да игра утре против Грузија во последниот тест меч на Холандија пред ЕП, а засега и не се знае тежината на повредата, но пронемите со адукторот знаат да бидат многу незгодни.

Холандија ќе игра против Македонија на 21. јуни во Амстердам од 18 часот во последниот меч за двете репрезентации во Ц групата на Европското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести