Серхио Перес од Ред Бул Рејсинг Хонда е победник во Баку на трката во формула 1 за Големата награда на Азербејџан. Речиси сигурен победник беше неговиот клупски колега Макс Ферстапен, но имаше голем малер и на четири круга до крајот на трката му пукна гума, па мораше да се откаже.
Холанѓанецот имаше чиста позиција за нова победа и зацврстување на врвот, но гумата на болидот не издржа и не ја заврши трката. Во повторениот старт испадна и Луис Хамилтон, кој загуби контрола над болидот, па трката во Баку беше една од најчудните во последните години.
Unbelievable… I feel gutted too. Jesus man that is a kick in the ass. #AzerbaijanGP #Formula1 pic.twitter.com/vH3Eh5ijPk
— Kevin Quick (@f1_quick) June 6, 2021
Претходно и Ленс Строл имаше идентичен проблем, па и тој се откажа. По инцидентот на Ферстапен трката беше прекината и целиот настан се пролонгира, па заврши по повеќе од два часа.
Искористи победникот на трката Перес, а на подиумот се искачија и Себастијан Фетел и Гасли. Ферстапен остана лидер во Генералниот пласман со 105 бода, пред Хамилтон со 101 бод.