Анастасија Пављученкова пак ќе игра во четвртфиналето на Ролан Гарос, пласман што го чекаше цели 10 години. Денеска во неизвесен меч со пресврт ја победи Викторија Азаренка со 5:7, 6:3, 6:2 и се најде меѓу осумтте најдобри тенисерки на гренслемот во Париз.
Пављученкова беше најдобра јуниорка на светот и огромен потенцијал и талент, но не успеа да се приближи до гренслем титула. Сега има шанса за првиот пехар на некој од четирите најценети турнири, а следна противничка ќе и биде Серена Вилијамс, или Елена Рибакина од Казахстан.
Настап во четвртфиналето на Ролан Гарос денеска обезбедија и Тамара Зиданшек од Словенија и Паола Бадоса од Шпанија.