Холандија покажа сила и со 3:0 славеше над Грузија во последниот контролен меч пред стартот на Европското првенство. Лалињата, кои претходно играа само 2:2 против Шкотска, овојпат беа многу подобри, посебно во одбраната и не му дозволија на противникот да го загрози нивниот гол.
Депај погоди за 1:0 во 10-тата минута, а потоа во второто полувреме Лалињата дадоа уште два гола и стигнаа до победа. За разлика од Холандија, Австрија одигра без голови против Словачка во Виена. Домаќините имаа иницијатива, повеќе напаѓаа, упатија дури 18 шута кон голот на Словачка, но не успеаја ниеднаш да реализираат.
Токму Австрија е првиот ривал на Македонија на ЕП. На 13 јуни во Букурешт ќе игра против Австријците со надеж дека тие повторно ќе бидат безидејни и без реализација како денеска против Словачка.