УЕФА препорачува 7 меча на ЕП што не се пропуштаат, меѓу нив е и премиерата на Македонија

УЕФА препорачува 7 натпревари од првата фаза на Европското првенство што не се пропуштаат, а меѓу нив е и премиерата на Македонија на големите натпреварувања, на 13 јуни против Австрија во Букурешт.

„Македонија за првпат учествува на големо натпреварување и ова за нив е историја. Пред да ги победат Косово и Грузија за пласман на шампионатот, играа против Австрија и ги загубија двата натпревари.

Но, сега се чини дека ситуацијата е малку поинаква пред нивнуот дуел во Букурешт на 13 јуни. Нивниот капитен и најголема фудбалска ѕвезда Горан Пандев го постигна голот што ја одведе Македонија на ЕП. Може ли 37-годишниот фудбалер да стави печат на блесквата кариера со уште некој гол?“, го објаснува УЕФА значењето на мечот во Букурешт на 13 јуни, историски за Македонија.

Препорака на УЕФА е обавезно да се гледа и премиерниот меч меѓу Италија и Турција на 11 јуни, со кој ќе почне првенството, а секако треба да се следи и скандинавското дерби меѓу Данска и Финска на 12 јуни, потоа и британското дерби меѓу Англија и Шкотска на 18 јуни, Шпанија со Полска следниот ден, Португалија – Франција на 23 јуни и Германија против Унгарија исто така на 23 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести