Шпанските медиуми објавија непотврдена информација дека Кристијано Роналдо и целата португалска репрезентација ќе мора да одат во карантин на 4 дена пред стартот на Европското првенство.
По случајот со Серхио Бускетс, кој има корона-вирус и на него Шпанците веројатно нема да може да сметаат на ЕП, сега има нов и уште поголем проблем.
Можно е и Португалците да мора да одат во изолација, а таа би била 12 дена, па во таков случај невозможно би било да се игра според распоредот предвиден за ЕП.
„Играчите имаа еден ден одмор и денеска треба да тренираат. Тоа е сè што можеме да објавиме“, изјави портпаролот на португалската репрезентација.
Португалија треба да стартува на шампионатот на 15 јуни на меч со Унгарците, а претходно, задутре треба да го одигра последниот тест-меч пред да ја започне одбраната на титулата, на свој терен против Израел.
Во првата фаза актуелните европски прваци ќе играат и со Германија на 19 јуни и со Франција четири дена подоцна.