УЕФА објави дека за мечот меѓу Македонија и Австрија што ќе се игра во Букурешт на 13 јуни сè уште има билети во слободна продажба. Можат да се набават преку официјалната страница на УЕФА „https://euro2020-sales.tickets.uefa.com/“, иако таа честопати е недостапна.
Европската куќа на фудбалот информира дека сè уште има влезници за уште три дуели од првата фаза на шампионатот што ќе се игра во шест групи по четири репрезентации.
https://twitter.com/EURO2020/status/1401871569392128000
Влезници има во слободна продажба и за натпреварите меѓу Хрватска и Чешка во Глазгов на 18 јуни, за мечот Италија – Велс во Рим на 20 јуни и за натпреварот меѓу Финска и Белгија на 21 јуни во Санкт Петербург.