Талентираниот српски фудбалер Филип Ступаревиќ, кој во 2019 година како 18-годишен потпиша за англиски Вaтфорд, повторно е во центарот на вниманието кај српските медиуми затоа што се појави снимка на која тој пее навивачка песна посветена на клубот Црвена ѕвезда. Тоа е интересно сега затоа што Ступаревиќ е пред потпис со најлутиот ривал на Ѕвезда, белградскиот Партизан.
Ступаревиќ играше за Вождовац, а потоа премина во Ватфорд, но таму не одигра ниту еден меч, туку го позајмуваа во Вождовац и чешкиот Прибрам. Ватфорд му должел девет плати на 20-годишниот Србин и тој планира да го раскине договорот. Најзаинтересиран за него е Партизан, кому не му пречи тоа што Филип во минатото се снимаше како пее навивачки песни за Ѕвезда.
Izvolite Stuparevića pic.twitter.com/o8NCAFyAXD
— Persona non grata (@jomilos) June 7, 2021