Почина човекот кој од Барселона направи гигант

Хосеп Луис Нуњез Клементе, кој беше претседател на Барселона од 1978 до 2000 година, почина на 87-годишна возраст. Клементе беше сопственик на градежна фирма и ланец на хотели, а на чело за претседател беше поставен на први јули 1978 година. Тој ден е историски за каталонскиот гигант.

Во својата предизборна кампања вети дека од Барселона ќе направи клуб кој ќе може самостојно да функционира и да биде еден од најдобрите во светот. Тоа свое ветување Клементе во целост го исполни и Барселона веќе неколку децении е во светскиот врв.

Пред да започне ерата на Клементе, Барселона беше во сенка на Реал Мадрид, а сега може да се пофали дека е рамо до рамо со Кралскиот клуб. Под негово раководство, спортското друштво Барселона има освоено вупно 175 трофеи во сите натпреварувања.

Клементе посебно беше горд на „покерот“ кој го направи во 1999 година. Тоа беше година во која Каталонците прославија 100 години од постоењето, а ги освои титулите во сите четири спортови (фудбал, кошарка, ракомет и хокеј на ролерки). Најголемите успеси на фудбалски план се седумте титули во Примера, шест во Купот на Шпанија, четири во Купот на куповите на победниците, како и првиот трофеј европски првак во 1992 година.

 

- Оглас -

Најнови вести