Македонската фудбалска федерација инкасира само 465 илјади евра годишно од спонзорскиот договор со германскиот производител на спортска опрема „Јако“ и е убедливо на последното место од сите 24 учесници на Европското првенство.
За повеќе од двојно, или малку над еден милион евра годишно од своите спонзори добиваат Унгарија, Словачка и Финска, селекции кои се веднаш над нас на листата со сите 24 репрезентации што ќе играат на ЕП.
Македонија е единствената селекција што има договор со „Јако“ и е единствена што добива под еден милион евра од сите 24 селекции учесници на Европското првенство.
На врвот е Германија, селекција што ја изненадивме во Дуисбург со сензационална победа од 2:1 во март, а Елфот има богат договор со „Адидас“ од кој заработува по 65 милиони евра, или 140 пати повеќе од Македонија.
Актуелниот светски првак Франција има договор со „Најки“ и инкасира по 50 милиони евра годишно. Трета е Англија, а во Топ-5 се уште и Италија со „Пума“ и Шпанија со „Адидас“.
Еве ја комплетната листа на репрезентации, нивните спонзори и заработката на годишно ниво: