Рекордите кои може да се срушат на Европското првенство

Со дуелот меѓу Италија и Турција во Рим на легендарниот стадион „Олимпико“ вечерва започнува фудбалското шоу нарешено Европско првенство. Во репрезентацијата на Англија беше повикан Џед Белингам, кој може да сруши еден од многуте рекорди на ЕП.

Белингам уште нема наполнето 18 години, а ако се знае дека до денот на финалето на ЕП тој би имал 18 години и 12 дена, многу веројатно е дека ќе заигра барем на еден меч и со тоа да го сруши рекордот за најмлад фудбалер во историјата на ЕП. Тој рекорд сега го држи Џетро Вилемс, кој првпат играше со 18 години и 71 ден. Овој рекорд може да го сруши и тинејџерот од Полска Кацер Козловски, кој е најмладиот повикан фудбалер на турнирот.

На списокот на рекорди може да бидат срушени неколку интересни најдобри постигнувања. Најмлад голгетер Јохан Вонлантен, кој за Швајцарија има дадено гол со 18 години и 141 денови на турнирот во 2004 година.

На Кристијано Роналдо му треба само еден гол за да биде фудбалерот со најмногу погодоци во историјата на првенствата. Португалецот сега го дели рекордот со Мишел Платини. Двајцата имаат дадено по девет погодоци на континенталните собири. И Антоан Гриезман има шанса да го сруши овој рекорд. Французинот досега има постигнато шест погодоци на ЕП.

Најмногу голови од пенал имаат дури петмина играчи: Алан Ширер, Гаиска Мендиета, Зинедин Зидан, Франк Арнесан и Богдан Станчиу погодувале по двапати од пенал. Ако се знае дека ВАР-технологијата сега многу почесто дава шанса за пенал, овој рекорд може да биде надминат.

Најголема победа на ЕП има Холандија против Југославија, и тоа со 6:1. Меѓу најголемите победи се и тие на: Франција против Белгија од 5:0, Данска – Југославија 5:0 и Шведска – Бугарија 5:0.

Првенство со најмногу голови е тоа од 2016 година, кога беа постигнати 108 погодоци. Тоа беше прво ЕП со 24 селекции, што значи дека има реални шанси сега да бидат постигнати повеќе голови.

Најмногу погодоци на еден турнир имаат Франција и Холандија, кои погодувале по 13 пати и тој рекорд е постигнат кога до финале се стигнуваше со пет меча, а сега финалистите би одиграле по шест средби, што значи ќе имаат шанси да се достигне овој рекорд.

Низ историјата на ЕП има голем број рекорди кои може да бидат срушени, но најважно е дека од денеска, па во следните месец дена ќе има вистинско фудбалско шоу на кое за првпат ќе учествува и Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести