Пресметката на Турција и Италија во Рим ќе биде посебно интересна за навивачите на Јувентус и Милан, кои не се Италијанци бидејќи вечерва ќе се спротивстават неколкумина клупски колеги кои играат заедно во гигантите од Серија А.
Според најавените стартни состави, Италија ќе тргне со: Донарума, Флоренци, Бонучи, Кјелини, Спинацола, Барела, Жоржињо, Локатели, Берарди, Имобиле и Инсиње. Имобиле од Лацио е на свој терен, нему „Олимпико“ му е втор дом и тој треба да биде главна опасност по голот на непредвидливата Турција.
Најавениот можен почетен состав на Турција изгледа вака: Чакир, Челик, Сојунџу, Демирaл, Мерас, Јокушлу, Ајхан, Караман, Чалханоглу, Јазиџи, Јилмаз. Секако, ветеранот Бурак Јилмаз, кој игра во одлична форма, е лидер на овој тим, но имаат и играчи од Премиелигата и од Серија А, па Турција и не е толкав аутсајдер како што мислат некои.
Италијанскиот селектор Роберто Манчини не можеше да смета на Сенси и Пелегрини, а ќе го поштеди и Верати.