Мурињо ги „утепа“ навивачите на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед никако не може да влезе во серија на добри резултати. Изминатиот викенд, „црвените ѓаволи“ не успеаја да победат ниту против Саутхемптон, кој се бори за опстанок. Јунајтед дури беше во негатива од 2-0, а на крајот стигна до 2-2.

Иако се одиграни само 14 од вкупно 38 кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е далеку од трката за титулата. Тренерот на најтрофејниот англиски клуб, Жозе Мурињо, дури е скептичен дека неговите избраници може да стигнат до место кое води во Лигата на шампионите.

„Минатата сезона реков дека освојувањето на второто место беше фантастичен успех, ако се спореди нашиот квалитет со квалитетот на останатите екипи кои се борат да бидат во топ 4. Нашата цел сега е да освоиме што е можно повеќе поени и да се обидеме да направиме чудо, односно да стигнеме во четвртото место на табелата“, вели Мурињо.

Манчестер утре го очекува едно големо дерби на „Олд Трафорд“ против Арсенал. Доколку не успее да ги освои трите бода против „топчиите“, Манчестер уште во првиот дел од сезоната ќе може да се збогува со реалните шанси за топ 4 на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести