УЕФА го одреди Швеѓанецот Андреас Екберг за делител на правдата на мечот Австрија – Македонија од првото коло во групата Ц на претстојното Европско првенство. Дебито на македонскиот национален тим на континенталниот шампионат ќе биде задутре.
Екберг, кој има 36 години, од 2013 година ја има значката на ФИФА. Ќе му асистираат неговите сонародници Мехмет Кулум и Стефан Халберг, четврти судија е Сергеј Карасев од Русија, додека за ВАР-системот задолжен ќе биде Бастијан Данкерт од Германија.
Екберг е полициски службеник од Малме и можеби ќе дозволи малку поцврста игра, што може, но и не мора да биде лош знак за македонската селекција.