Резервниот голман на македонската репрезентација, Ристо Јанков, е еден од само петте учесници на Европското првенство кои досега немаат дебитирано на официјален меч. Чуварот на мрежата на Работнички, се најде на списокот на патници и замина во Букурешт, иако уште нема брането за сениорската репрезентација.
Покрај Јанков кој има 22 години, на ЕП отпатуваа уште четворица поединци кои немаат дебитирано за А тимот на својата земја. Тоа се голманите Роберт Санчес од Шпанија, Јури Дјупин од Русија, како и играчите Коди Гакпо од Холандија и Денис Макаров од Русија.