Италија без многу проблеми со 3:0 ја победи Турција, на мечот со кој стартуваше Европското првенство. Аѕурите во второто полувреме го скршија отпорот на противникот и донесоа триумф на домашната селекција на „Олимпико“.
Дека Италија ќе победи во премиерниот меч, знаеше и мачорот Ахил. Во прес центарот во Санкт Петербург, мачката беше донесена и пред новинарите јавно да го типува победникот. На Ахил му беа поставени две чинии со храна, а тој без двоумење ја одбра чинијата покрај која стоеше знаменцето на Италија.
Мачката е многу популарна во Русија и има свој Инстаграм профил со преку 20.000 следбеници. Се очекува Ахил следно да ги типува победниците од дуелите, Белгија – Русија, Полска – Словачка и Финска – Русија.
„Тој може да ги користи само психичките моќи за да може вакво нешто да прогнозира. Славата на Ахил започна на Африканскиот куп на нации во 2017 година, а потоа и на СП 2018, кога без грешка ги погоди победниците на првите четири меча од Мундијалот“, вели сопственичката на мачорот, Ана Кондратјева.
View this post on Instagram