Дури четири рекорди се срушени на првиот меч од ЕП

Победата на Италија против Турција ќе се памти, кога се работи за историјатот на Европските првенства. Италија за прв пат во 39 меча на континенталните собири успева да даде три гола, а триумфот од 3:0 е и најубедливиот на стартот на ЕП.

Несреќниот Демирел си даде автогол, а тоа е прв пат на ЕП, голот со кој стартува шампионатот, всушност да биде постигнат во сопствената мрежа. Турците добро се држеа едно полувреме, но во вториот дел целосно потфрлија. Тоа не е ни чудно, ако се знае дека Турција секогаш на големите натпревари губи во првите дуели што ќе ги одигра.

За Турција ова е седмо големо натпреварување и по седми пат тргнува со пораз. Ниту една друга селекција која има барем три големи натпреварувања како ЕП и Мундијалите, нема само порази во првите дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести