Неверојатно невреме: За 5 минути се поплави цел терен на Националната арена во Букурешт (Видео+Фото)

Австриската фудбалска репрезентација се подготвуваше за последниот тренинг пред утрешниот меч против Македонија, кога времето во Букурешт „збесна“. Неверојатно невреме го зафати главниот град на Романија, кога пороен дожд направи Австријците веднаш да го прекинат тренингот.

Невремето траеше 10-тина минути, а по само пет минути обилно врнење, целиот терен беше потопен.

Македонската репрезентација за два часа треба да го одржи својот последен тренинг, па останува да видиме дали теренот ќе биде во состојба да не изгледа како базен.

 

- Оглас -

Најнови вести