Ериксен им се јавил на соиграчите и барал да играат, но тие се во шок, Финска води 1-0

Дуелот на Данска и Финска кој беше прекинат поради колабирањето на Кристијан Ериксен на теренот во Копенхаген, продолжи, и гостите постигнаа гол во 60-та минута за 1-0. Похјанпало со шут со глава го совлада Шмајхел, но откако даде гол, не сакаше да се радува, и со тоа искажа почит кон Ериксен кој е во болница.

Инаку, Ериксен имал јавување до колегите, и од нив побарал да го доиграат мечот, откако им рекол дека се чувствува добро. Во 75-та минута, Хојбјерг утна пенал, па Финците се блиску до изненадувачко освојување на трите бода, иако вистински херој на денот е Ериксен, како и лекарскиот тим на данската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести