Финска првпат даде гол на големите натпреварувања, и ја победи Данска (Видео)

Џоел Похјанпало влезе во историјата на финскиот фудбал, како прв стрелец за својата земја во историјата на големите натпреварувања во фудбал, а неговиот гол против Данска беше доволен за изненадувачка победа од 1-0 во мечот кој ќе се памети по колапсот на Кристијан Ериксен кој имаше срцев удар во 43-тата минута.

Ериксен за среќа е во стабилна состојба, самиот барал од соиграчите да го доиграат мечот, но Финците го искористија шокот кај Данците, па дојдоа до историски три бода. Во 75-та минута, беше досуден пенал Данска, но шутот на Хојбјерг беше одбранет од голманот Храдецки.

https://www.youtube.com/watch?v=PgDg6l3mJG0

- Оглас -

Најнови вести